FAIL (the browser should render some flash content, not this).

English Language Избери јазик...

Работилници и состаноци

  • Воведна работилница за Проектот, Ноември, 2008
  • Регионална работилница за полесно разбирање помеѓу официјалните претставници одговорни за развојното планирање во земјите на Централна,Југоисточна Европа,Кавказ и Централна Азија, Охрид, Февруари 2009
  • Консултативен состанок - Идентификација на националните приоритети за безбедно управување со хемикалиите – Кочани, 29ти Јуни, 2009
  • Работилница на проектниот тим за преглед на рамката за економска анализа - Попова шапка, Октомври, 2009
  • Национална работилница за валидација на приоритети - Битола, Молика, Февруари, 2010
  • Финална консултација за Драфт Национален акционен план за имплементација на SAICM, Јуни, 2010

Повеќе

Партнери

Имплементациона агенција: Програма за развој на Обединетите Нации (УНДП)
Партнер за имплементација: Министерство за животна средина и просторно планирање / Канцеларијата за ПОПс

SAICM Проект во Македонија

Терминот “mainstreaming”или “воведување” е користен за да го означи интегрирањето на приоритетите за безбедното управување со хемикалии во развојната програма на земјата која се состои од политики, планови и стратегии, вклучувајќи и воспоставување на врски помеѓу безбедното управување со хемикалиите и најголемите развојни приоритети на земјата.

Македонија беше вклучена во целиот процес на подготовка на САИЦМ иницијативата, преку свои претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и проектната канцеларија која во рамките на Министерството веќе подолг период е активна во имплементација...

Повеќе

ПАТОКАЗ

Основните цели на Македонската влада се насочени кон подобрување на животниот стандард на населението, зголемување на вработеноста, борба против корупцијата, развој на демократијата, подобрување на меѓуетничките односи, политичка стабилност на земјата и нејзина интеграција во ЕУ и НАТО.

icon ПАТОКАЗ за воведување на акции за безбедно управување со хемикалиите во развојната програма на Македонија (1.39 MB)

 
Хемикалиите и секојдневието

Историските докази покажуваат дека старите еѓипјани се пионери во хемиските синтези пред 4000 години. Во 1000 пред новата ера, античките цивилизации користеле технологии кои станаа база за различни гранки во хемијата, на пример: екстракција на металите од нивните руди, грнчарија и глазури, ферментација на пиво и вино, добивање на пигменти за козметика и бои, екстракција на хемикалии од растенија за фармација и козметика, правење сирење, боење облека и кожа...

Преземи ја брошурата:
icon  Хемикалиите и секојдневието (528.16 kB)

 
Легислатива и договори

SAICM - Стратешки пристап во меѓународното управување со хемикалиите е глобална иницијатива која е усвоена на Меѓународната Конференција за управување со хемикалии, која се одржа во Дубаи од 4-6.02.2006, се постави глобалната рамка за земјите чија цел е да постигнат остварување на целите на ССОД (WSSD) за разумно управување со хемикалиите до 2020 година...

 
Извештај за состојбата со хемикалиите

На Осумнаесеттата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 4.10.2011, беше усвоен Извештајот за состојбата со хемикалиите во Република Македонија и беше прифатен Националниот акционен план за стратешки пристап во управувањето со хемикалиите во Република Македонија.

icon Извештај за состојбата со хемикалиите во Република Македонија (2.42 MB)

icon Национален акционен план за стратешки пристап во управувањето со хемикалиите во Република Македонија (986.5 kB)

 
Национален координативен комитет

Меѓуресорски координативен механизам Interagency Coordinating Mechanism, е составен од претставници на повеќе Министерства, здруженија, невладини организации, приватен сектор. Неговото формирање беше иницирано по одлука на Министерот за животна средина и просторно планирање и има улога на советодавно тело.